Интернетот може да биде многу користен доколку се искористи правилно.
Голем број на луѓе имаат свои профили на социјалните мрежи каде што ги оставаат своите лични податоци.Со тоа нивната безбедност на интернет е загрозена.
Но не само корисниците на социјални мрежи, туку сите корисници не се безбедни на интернет.Затоа мора да се биде многу претпазлив.
Луѓето не се свесни дека даваат свои лични податоци на интернет и дека може истите може да им бидат злоуботребени.
Социјалните мрежи можеби се најмалку безбедни заради тоа што за да направиш свој профил мораш да го дадеш името и презимето.Секогаш постои опција да се претставиш со лажно име ама тоа се ретко се случува.
Децата се најголеми жртви.Тие на разни игри го даваат своето име и презиме.
Исто така на Фејсбук многу од децата кои имаат профили(иако за да имаш профил мора да си над 13 год.) мислјќи дека така треба ги даваат своите лични податоци,мобилни телефони,училиштето,името на своите родители итн.Некои од децата прифаќаат непознати луѓе кои се претставуваат дека се нивни врсници. Педофилските групи ги користат тие работи и се случува тоа што најмалку се посакува.
Децата за да се заштитат треба:
-децата до 13 години да немаат профили на социјалните мрежи
- да не ги даваат своите лични информации
-да не прифаќаат и разговараат со непознати
- да не споделуваат нивни слики на интернет
-да користат псевдоними додека се на интернет
-доколку имаат договорена средба со некое непознато другарче да им кажат на своите родители и некој повозрасен да ги придружува на средбата
Но и повозрасните кои не се доволно информирани за безбедноста на интернет исто така даваат премногу лични податоци за нив ,споделуваат и многу нивни слики и нивните информации се често злоупотребени .Мора многу да се внимава.
Сведоци сме дека бројот кои купуваат на интернет се зголемува.
Во Македонија граѓаните сеуште не се подготвени да купуваат преку интернет иако овој начин заштедува и пари и време.Причината е што луѓето се плашат некој да не ги злоупотреби нивните податоци и во право се.
Еве неколку совети:
-секогаш купувајте од сигурни сајтови
-побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет адресата започнува со https:// наместо со http://
-никогаш не давајте информации за вашата картичка доколку вие не сте ја направиле нарачката
За да бидеш побезбеден на интернет мора да имаш добра лозинка.
Се препорачува:
- да се користи комбинација од бројки,букви и знаци
-иста лозинка да не се користи за повеќе профили
-да не се кажува лозинката на никој
-лозинката да не биде датум на раѓање ,име,презиме и сл. Еве ги 20 најчесто користени лозинки:
1. 123456
2. 12345
3. 123456789 4. Password
5. iloveyou
6. princess
7. rockyou
8. 1234567
9. 12345678
10. abc123
11. Nicole
12. Daniel13. babygirl
14. monkey
15. Jessica16. Lovely
17. michael
18. Ashley 19. 654321
20. qwertyБезбедноста на интернет е многу важна затоа што многу луѓе го користат интернетот.Мора многу да се внимава затоа што личните информации многу се злоупотребуваат а ние за тоа не знаеме.Гоелм број од луѓето незнаат како да се заштитат.Мора да се зголемат кампањите кои ќе им посочуваат на граѓаните како да се заштитат.Се надевам дека луѓето ќе станат посвесни и нема да ги објавуваат своите лични податоци на Интернет.